Мајнл ја организираше акцијата „Плати со поезија“

Традиционално Јулиус Мајнл ја организираше акцијата „Плати со поезија“ на 21-ви март, на Денот на поезијата, по 4-ти пат. Илјадници љубители на кафето се вклучија во уживањето на овој ден исполнувајќи ги бело црвените листови со зборови и стихови кои служеа како средство за плаќање на кафе или чај од виенскиот бренд Јулиус Мајнл.

Оваа година „Плати со поезија“ се одржа на повеќе локации и тоа во Лофт, Мајдан, Наргиле, Фонтана, Дион, Центар бар, Баду бар, Џус бар, Сквер21 во Скопје и Чао кафе во Велес. 20 поети се дружеа со сите со цел да ги мотивираат да пишуваат поезија и да ги запознаат со изворот на нивната инспирација исто како што Густав Климт, Егон Шиле, Ото Вагнер и Сигмунд Фројд ја наоѓале својата инспирација на улиците во Виена пред кафулето на Јулиус Мајнл.

Оваа година 10-те најдобри поеми од цел свет ќе добијат карта од Јулиус Мајнл за концерт на ЏП Купер.