
Маж е повреден во четвртокот откако скокнал од јавната галерија во холандскиот парламент со нешто што му било заврзано околу вратот, известуваат локалните медиуми и полицијата.
Човекот кој се обидел да си го одземе живтот го преживеал падот и прима медицинска помош, соопшти полицијата.
Електронското издание на дневниот весник De Telegraaf пренесува изјави на сведоци дека мажот се однесувал вознемирено пред да врзе нешто за оградата и да скокне во моментот кога на говорницата зборувал пратеникот Арно Руте.
Идентификуван е како активист кој неколку седмици кампирал пред холандскиот парламент во знак на протест за легализација на хашишот и марихуаната.
Канабисот е илегален во Холандија, иако е широко распространет и полицијата не постапува поради поседување или продажба на мали количества.
https://www.telegraaf.nl/nieuws/1822583/man-springt-van-publieke-tribune-in-tweede-kamer