
Поради снегот денеска во Скопје повеќе градски и приградски автобуски линии се скратени. Не сообраќаат автобусите со број 69 и 69а.
Како што информира ЈСП Скопје, автобусот со број 25 место до Средно Водно сообраќа до Панорама, а автобусот со број 28 место до Нерези (Македонско село) сообраќа само до Козле.
Од приградските линии, автобусот со број 65 место до селото Раштак сообраќа до Црешево, а 81 место до Блаце сообраќа до Горњани, а 160 место до Горна Матка до војската.