Ранет полицаецот кој се замени со заложниците во супермаркетот

Францускиот министер за внатрешни работи, Жерард Колом денеска го пофали хероизмот на полицаецот, кој доброволно се одлучил да влезе во супермаркетот во Требе да ги замени заложниците каде терористот Редуан Лекдим убил двајца.

Според Колом, полицаецот бил повреден за време на инцидентот, но тој успеал да го остави мобилниот телефон отворен и да комуницира со колегите пред супермаркетот за време на заложничка криза.
Министерот потврди дека специјалните полициски сили влегле во супермаркетот и го убиле Лекдим, но не каќа кога бил повреден полицаецот заложник.

Претседателот на Европската комисиј,а Жан-Клод Јункер го осуди на денешниот напад во Франција и изрази целосна поддршка за францускиот народ.

Бруно Барточети, регионалниот претставник на полицискиот синдикат, рекол дека напаѓачот крвавиот пир го почнал во Каркасон каде грабнал автомобил. Му пукал во главата на патникот и го убил, а го ранил и возачот. Потоа тргнал кон Треби, град оддалечен 20 минути возење. Кога дошол во Требе Лекдим забележал група полицајци како џогираат, па истрелал неколку куршуми кон нив. Тогаш во рамото бил ранет еден од полицајицте, кои ги алармирале колегите. Убиецот се паркирал пред супермаркетот и влегол внатре со повиците „Алаху Акбар. Сите ќе ве убијам“.
Локалниот весник наведува дека една од жртвите е месар кој работел во супермаркетот. Медиумите прецизираат дека бројот на жртвите вклучува две жртви во супермаркетот како и две лица од украдениот автомобил со кој напаѓачот дошол во продавницата. Вкупниот број повредени се проценува на 17 лица.