Земјоделците можат да поднесат барање за субвенции

Од денеска почнува рокот за аплицирање за субвенции во земјоделството и ќе трае до 31 мај. Се очекува да аплицираат околу 72.000 земјоделци, а на располагање им се околу 100 милиони евра.

Земјоделците кои сакаат да добијат субвенции ќе може по електронски пат со помош на компјутер да аплицираат за добивање на државата помош за годинава. Тие кои не знаат сами да ги пополнат барањата, ќе може да побараат помош од Подрачните единици на министерството за земјоделство.

Сите кои ќе бараат државна помош за растително производство барањата треба да ги поднесат врз основа на евидентирани податоци на парцели во Единствениот регистар, додека сточарите заедно со барањето треба да достават и ажурирани податоци за состојбата на стадото за кое аплицираат.

– За да се избегнат малверзации, со сателитски снимки се проверува дали на нивата е посеана културата која е пријавена за субвенции. Инспекторите лани утврдиле неправилности само кај мал дел на земјоделци, а има и такви кои немале комплетна документација или имале проблеми заради што не добиле субвенции- рече Директорот на Агенцијата за поттикнување и развој на земјоделството, Никола .