
Во текот на вчерашниот ден во 10.20 часот, на влезот пред Медицинскиот Центар во Гостивар бил пронајден починат маж.
Станува збор за 47-годишниот Н.Ј. од селото Врбјане, гостиварско.
Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвиниел и увидна екипа од Полициската станица Гостивар.
По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено за обдукција.