
Возачот на тимот на Ферари, Себастијан Фетел победи во неделата на трката за големата награда на Австралија на отворањето на новата сезона на Формула 1 во Мелбурн.
Фетел во 26-от круг, која на патеката беше безбедносното возило, го искористи заминувањето во боксот на актуелниот првак Луис Хамилтон од Мерцедес, и го презема водството кое не го испушти до крајот. Ова е 48-ма победа во кариерата, и трета во Австралија.
Второто место на крајот го освои Луис Хамилтон, а трет беше Кими Рајконен, исто така, од Ферари.