
СДСМ се обидува проектот кој што беше содржан во програмата на Коце Трајановски на последните локални избори да го прикаже како свој. Мостот кој ќе ги поврзува општините Аеродром и Гази Баба, низ населбата Керамидница не беше споменат во програмата на Шилегов, туку беше дел од програмата на Трајановски. Ова е уште еден показател дека СДСМ нема ниту визија, ниту способност да реализира свој проект.
Петре Шилегов освен што наследи конкретни планови, проектни документации, тој наследи и полна каса од над 20 милиони евра во буџетот на Град Скопје, но за жал освен празни зборови нема никакви конкретни активности, а уште помалку отпочнување на реализација на ветувањата кои тој ги даваше, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.