
Полицијата пронашла пиштол со муниција и марихуана во домот на дебранин, информираше МВР.
Според полицијата, вчера по претходно издадена судска наредба, бил извршен претрес во домот на А.А. (40) во Дебар. При претресот биле пронајдени и со потврда биле одземени еден пиштол „застава“ калибар 7,65 мм кој го поседувал без одобрение.
Во рамката на пиштолот имало три, а во цевката уште еден куршум. Освен оружјето полицијата пронашла и најлонска кеса со марихуана и мобилен телефон. Одземените предмети биле дадени на вештачење, а А.А. бил приведен и здржан во Полициската станица Дебар за понатамошна постапка.
По целосно расчистување на случајот, против А.А. ќе бидат поднесени соодветни пријави.