Кавадарчанец починал пред болница

Кавадарчанецот Ј.М.(48) починал пред болницата вчера во Кавадарци, информираше МВР.

Според полицијата, во 1.1о часот во ПС Кавадарци се јавиле од ЈЗУ „Кавадарци“ дека пред влезот  на установата имало непознато лице во алкохолизирана состојба. Истото ги навредувало лекарите и персоналот и одбивал да му се пружи лекарска помош.

Според нив, кога излегле да видат што се случува со  него, забележале дека лицето лежи на земјата без знаци на живот. По извршени проверки констатирано е дека се работи за Ј.М. (48) од Кавадарци.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот ќе биде предадено на обдукција.