
Претседателот на ЛДП, Горан Милевски вчера бил нападнат поради политички мотиви, а тој не возвратил за да не ја направи работата поголема, изјави пратеникот за медиумите.
– Зборев на мобилниот телефон кога пријде непознатото лице и ме оттурна, па почна да ме удира со тупаници по главата. Ме удри неколку пати по што го отргнав а тој избега. Останав присебен и не му возвратив, добро што остана така. Тоа не е проблем, туку проблем е самиот чин на напад на пратеник којшто претставува 10.000 граѓани- изјави Милевски.
Тој се сомнева дека причина за нападот е нервозата која доаѓа од изгласување на Законот за употреба на јазиците.
– Не можам да коментирам дали е организирано сето ова, вклучувајќи ги протестите пред домовите на пратениците, но во секој случај треба да се сфати сериозно. Но ако е тоа да знаат дека ниту мене ниту колегите пратениците не поколебаат да ја реализираме агендата којашто значи влез на Македонија во НАТО и во ЕУ- изјави Милевски.
Од МВР велат дека работат на расветлување на случајот.