Опожарен џип на охриѓанец во Скопје

Џип сопственост на охридска фирма бил опожарен утрово во центарот на Скопје.

Според полицијата, во 5.18 часот во Единицата за информации и команда било пријавено дека на улицата Мирослав Крлежа има опожарено патничко возило „ренџ ровер“ со охридски регистарски ознаки, сопственост на фирма од Охрид.

Од пожарот биле зафатени и делумно оштетени уште две патнички возила – „опел инсигниа“ и „тојота јарис“ и двете со скопски регистарски ознаки.

Околу 05.10 часот пожарот бил локализиран од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје.

Се преземаат мерки за утврдување на причините за настанување на пожарот и расчистување на случајот.