Трета хуманитарна трка за деца со Даунов синдром

Стотина насмевки вчера го исполнија Градскиот парк во Скопје за време на Хуманитарната трка за деца со Даунов синдром. Мечувалечки клуб Ескрим ја организира оваа трка веќе 3 години со желба дека од година во година поддршката се повеќе да се зголемува.

Благодарение на поддршката од лицата и компаниите кои се вклучија во трката беа собрани доволно средства за аудио опрема за првиот дневен центар за лица со Даунов синдром.

Целта на оваа трка беше да им се даде поддршка на децата со Даунов синдром и да се поттикнат спортските клубови и центри да ги вклучат во своите активности затоа што им дозволуваат физички и општествен напредок.