
Викендов во Истанбул се додржа 14-тото Балканско првенство за сениори-ки, во дисциплините борби и кати во поединечна и екипна конкуренција. Во конкуренвија на 11 држави и 354 спортисти, каратистките на Макпетрол успеаја да освојат две медали, односно еден златен и еден бронзен медал.
Македонската репрезентативка Симона Заборска успеа да го освои златниот медал на ова балканско првенство во категоријата -55 кг. Патот до медалот во елиминацискиот дел беше со постигнати три победи и тоа над: Анџела Солдо (БиХ) 3-1, Дугче Демиш (Турција) 2-1 и Јована Георгиева (Македонија) 2-1. Во Финалната борба Симона Заборска не дозволи никакво изненадување и со победа од 5:1 против Ана Драшковиќ (Црна Гора) го освои златниот медал и стана балканска шампионка.
Наташа Стефановска, исто така имаше одличен настап на ова првенство, но за жал во полуфиналната борба со Бугарската спортистка на 5 сек до крај загуби поен и финалето кое беше на дофат на рака стана недостижно. Наташа полуфиналната борба ја загуби со минимален резултат 0-1, и потоа во репасажната борба за медал успеа да ја победи повеќекратната европска медалистка Јелена Максимович (Црна Гора), и го освои бронзениот медал.