
Скопјанец прегазил момче па го однел во болница, ноќеска во центарот на Скопје, информираше МВР.
Според полицијата, сообраќајната несреќа се случила кај Транспортниот центар неколку минути по полноќ накрстосницата од булеварот Кузман Јосифовски Питу со улицата Крушевска Република. Тогаш Д.М.(47) управувајќи автомобил „фиат брава“ удрил во М.Г.(30) од Скопје, па веднаш го пренел во Градската општа болница “Свети Наум Охридски”. На пешакот му биле констатирани тешки телесни повреди, па бил задржан на лекување.
Од страна на увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Скопје бил извршен увид и се работи на целосно расчистување на случајот.
Од МВР информираат дека вчера на улицата Борис Сарафов во населбата Ѓорче Петров околу 8 часот.
Тогаш автомобил „мазда“ управуван од Т.Ј. (40) од скопско Шишево удрил во 10 годишно дете.
По незгодата со истото возило пешакот бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Од страна на лекар му била констатирана тешка телесна повреда и бил задржан на понатамошно лекување.