Бесплатно ќе се лекуваат децата од социјални семејства

По предлог  на Министерството за труд и социјална политика заедно со Министерството за здравство, Владата го усвои предлогот со кој се ослободуваат од партиципација при користење здравствени услуги  лицата до 18 години возраст, чии семејства се корисници на правото на социјална парична помош.

На вчерашната владина седница, се разгледа и усвои и предлогот за започнување на Проектот за изградба на комплекс Универзитетски клинички центар во општина Карпош. Владата го задолжи Министерството за транспорт и врски, и соодветните институции како и општината, да извршат измени во урбанистичките и катастарските и други планско урбанистичко – проектни документи за 2018 година.