
Шеесет и шестгодишна гостиварка била физички нападната од својот син откако не му ги дала парите што и ги побарал. Според информациите на МВР таа го пријавила семејно насилство извршено од страна на нејзиниот син, 44-годишниот Д.Г.
Синот и побарал 500 денари, а кога не му дала пари, физички ја нападнал.
Пријавениот Д.Г. е лишен од слобода и задржан во Полициската станица Гостивар за расчистување на случајот.