Јовески: Новите мерки се побарани по обвинението на ОЈО

Јавниот обвинител Љубомир Јовески во изјава за Дојчевеле вели дека одлуката на Врховниот суд се однесува за жалбите доставени во делот на истрагата.

Новите мерки се побарани откако Обвинителството и официјално подигна 30 обвиненија за случајот „27-ми април“.

– „Обвинителството смета дека постојат основи за притвор. За секоја од побараните мерки за обезбедување има поединечни околности кои се ценат – дали лицата се вработени, семејно-материјалната состојба, нивни релации со роднини во странство…“, вели Јовески.

Тој потенцира дека Обинителството располага со доволен број докази да го докаже ова обвинение пред Судот.