
Две дечиња од исто семејство кои учат во основното училиште „Владо Тасевски“ имаат шуга, потврдиле од Министерството за обрзование и наука за „КУРИР“.
– Станува збор за две дечиња кои се од исто семејство. По пријавување на случајот екипа на Центарот за јавно здравје веднаш излезе на терен и направи проверка кај децата од одделенијата каде учат двете деца. Констатирано е дека освен кај овие две деца, други случаи нема. Во училиштето е направена целосна дезинфекција- изјавил портпаролот на МОН, Владимир Делов.
Родителите на децата од основното училиште „Владо Тасевски“ во скопската населба Козле се во паника по информацијата дека во училиштето има шуга. Тие на социјалните мрежи коментираат дека неколку дечиња биле заразени, а реагираат на тоа дека нив како родители, за оваа состојба никој не ги известил.
Тие оправдано стравуваат од можноста шугата да предизвика епидемија и да се рашири кај повеќе деца.
Еве дел од коментарите на родителите:
„Шуга во училиштето „Владо Тасевски“. Јас како мајка, дознавам од друга мајка, дека моето дете е во опасност. Зарем не е должна управата нас да не извести?“
„Бев да си го земам детето од училиштето „Владо Тасевски“ и во школскиот двор родителите зборуваа дека неколку деца биле заразени од шуга. Треба да бараме одговорност од директорката веднаш“
„Ајде што одлучиле да не ни кажат лично, ама можеле на еден лист да испринтаат, да знаеме дека има шуга во учичиштето? Или тоа го кријат од нас? Дали е ова нормално? Ако тие не водат трошка грижа за нашите деца, тогаш ние водиме. И мораме да бидеме известени. Ова е скандал и некој мора да биде казнет за молчењето“