
Јапонија вложила протест против воените вежби на руската армија кои се одржале во јужниот дел на Курилските Острови, изјави јапонскиот министер за надворешни работи, Таро Коно.
Тој за време на говорот во Долниот дом на јапонскиот парламент во Токио рекол дека таквите вежби водат кон зајакнување на руската војска во „Северните територии”, како што во Јапонија го наречен јужниот дел на Курилските Острови, и дека тие не се компатибилни со позицијата на Јапонија на островот. Агенцијата „Киодо Њус“ објави дека протестот на Токио бил пренесен преку дипломатски канали.
Пилотите на воената авијација на Источниот воен дистрикт по прв пат увежбуваше распоредување на сили од Хабаровскиот крај на островот Итуруп, пренесе ТАСС.
Москва и Токио по Втората светска војна со децении преговараат со намера да постигнат мировен договор . Главната пречка за постигнување договор е јужниот дел на Курилските Острови, кои по завршување на војната стана дел од Советскиот Сојуз, а Јапонија тврди дека островите Итуруп, Кунашир и Шикотан, како и групата острови наречени Хабомаи.
Од руското министерство за надворешни работи во неколку наврати истакнуваат дека суверенитетот на Русија врз островите, која е базирана врз меѓународните документи, не може да се оспори.