Србите на Косово со ултиматум до Приштина за формирање на ЗСО

Членовите на собранието на десет српски општини во Косово и Метохија им дадоа рок на властите во Приштина да започнат со формирање на Заедницата на Српски Општини (ЗСО) во рок од три недели, но не декларативно бидејќи во спротивно, српските општини и институции самите ќе го направат.

Ова е еден од трите заклучоци кои едногласно беа усвоени на седницата на Собранието. Српските претставници во Косово побараа наредбодавачите и извршителите на теророт против Србите во неделата во Северна Митровица итно да бидат процесуирани и казнети, а министерот и командантот на полицијата да поднесат оставка поради незаконскиот напад извршен од косовската специјална полиција.

Советниците ги повикаа меѓународните претставници, пред се КФОР и ЕУЛЕКС да ја зголемат будноста и да делуваат превентивно во случај на напад врз српскиот народ и неговите претставници во иднина, бидејќи тоа е обврска што произлегува од нивниот мандат.

На седницата е кажано дека с е подготвени да соработуваат со Белгради и со Приштина во создавање на Статутот на ЗСО, како што е предвидено со договорот.

Горан Ракиќ, претседателот на Српската листа, која претходно донесе одлука да ја напушти Владата на Косово рече дека , ако Приштина не е во можност да го започне процесот на формирање на ЗСО и тоа не само формално, Српската листа на 20 април сама ќе ја формира на ЗСО, со надлежности предвидени со Бриселскиот договор.

– Браќа, не дозволувајте да бидете нивни јаничари, не одете во војската на Косово- рече Ракиќ.

Од Приштина најавија дека тоа нема да се случи, бидејќи повторно ќе бидат уапсени.

-Тие можат да бидат уапсени во моментот кога ќе постапат против законот и Уставот навКосово. Треба да се знае, дека секој чекор на владата на Харадинај е во соработка со нашите западни сојузници- изјави Палј Лекај, министер за инфраструктура на Косово.