
Еден од најдобрите напаѓачи на Серија А, Босанецот Един Џеко во јануари ја одбил понудата на „ Реал Мадрид“ бидејќи не сакал да биде резерва, јавува шпанска „Марка“.
Иако бил високо рангиран во желбите на кралскиот клуб, играчот на „Рома“ му се заблагодарил на претседателот на „Реал“, Флорентино Перез за поканата.
Првиот на листата на желби на „Реал“ е Полјакот Роберт Левандовски, меѓутоа од „Баерн“ рекоа дека тој и следната сезона ќе биде во редовите на Баварците.
Џеко е единсвениот фудбалер во исоријата кој има постигнато по повеќе од 50 голови во три од петте најдобри првенства во Европа.