
Папата Франциск нема да се изини на луѓето кои во минатиот век го преживеале престојот во канадските училишта за домородците, каде на сила биле преобратувани во христијанска вера, соопшти вчера Римокатоличката црква.
Во текот на поголемиот дел на минатиот век околу 150.000 деца на индијанците и мелезите биле одввојувани од своите семејства и носени во државните училишта, каде не им било дозволено да зборуваат на мајлин јазик, а многумина биле и злоставувани. Наводно околу 6.000 од таму загинале, пренесува АП.
Канадскиот премиер Џастин Тридо побара од папата Франциск да се извини за улогата на Римокатоличката црква во злоставувањето на домородечките деца во таквите училишта во Канада.
Бискупот Лионел Жандрон од канадската Конференцијата на католичката бискупија наведе вчера во писмо дека папа Франциск не избегнува да ги признае неправдите со кои биле соочени домородечките народи, но и дека не може лично да се извини за индијанските училишта во Канада.