
Славната британска Атлетичарка и актуелна светска рекордерка во маратон, Пола Редклиф ќе биде промотор на Виз Ер скопскиот маратон, кој ќе се трча на 6 мај во македонската престолнина.
Редклиф е светска рекордерка со време 2:15,25 часа и организаторот најави дека досега има околу 4.000 пријави од 46 земји од светот.
-На Виз Ер скопски маратон повторно очекуваме пријавување на голем број натпреварувачи. Моментално имаме околу 4.000 пријави од 46 земји од светот. Многу ни е драго што Виз Ер скопскиот маратон е настан кој ги мотивира спортските амбасадори од целиот свет да се запознаат со Македонија. Затоа ја поканивме и Пола Редклиф. Таа прифати да биде дел од Виз Ер скопскиот маратон и оваа славна британска атлетичарка, ќе биде промоторка на годинашното издание на маратонот. Пола е актуелна светска рекордерка во маратон со резултат од 2:15:25 поставен во 2003 година. Влијанието на Виз Ер скопски маратон е големо за промоција на спортот во Македонија и пошироко и тоа ќе може да го видите на 6 мај, а и за 4 дена, на 1 април- рече Кире Синадиновски, директорот на Виз Ер скопскиот маратон.
Главниот спонзор на маратонот Виз Ер и годинава на секој учесник ќе му додели вредносен ваучер од 20 евра за купување на авионски билети преку нивната официјална страна, а пријавувањето за овој настан трае до 27 април.