Уапсен мажот што се обиде да прегази француски војници

Во Гренбол е уапсено лицето што утрово се обиде со автомобил да прегази група француски војници.

Француската полиција објави на Твитер дека мажот е приведен во Гренбол, во близина на нападот.

Уапсениот се обиде со автомобил да прегази група француски војници, кои трчале во близина на касарната во местото Варс-Алиер-е-Рисе во централна Франција. По неуспешниот обид тој побегнал.

Во инцидентот нема повредени лица.