
Меган Маркл, идната сопруга на принцот Хари, се грижи за своето здравје и тело, а тоа вклучува јога и придржување на здрава исхрана, а кога сака да си ја почести душата тоа најчесто го прави со чаша вино или помфрит.
Маркл е висока 171 сантиметар и има 50 килограми. Секое утро пие чаша топла вода со лимон, а потоа појадува житарки со банана. За ручек на менито е салата со протеини, додека навечер знае да се почести со тестенини со тиквичка, пармезан и чаша вино, во принцип нејзината исхрана вклучува и риба и зеленчук. Повеќе сака да јаде дома, отколку во ресторани.
– Сакам да готвам, па така секој ден правам нешто, дури и тоа да е песто кое може да го чувате во фрижидер и да го јадете цела недела. Сакам и да јадам, а за време на викендите малку се опуштам. Мислам дека доколку си го дозволите секое уживање, ќе сакате уште и уште, па затоа е важно да најдете рамнотежа – вели Маркл која додава дека слабост и се италијанската и мексиканската кујна и помфритот.