
Бел чад излегува од раскопаниот асфалт на улицата Васил Главинов пред зградата „Тифани“ во центарот на главниот град, во близина на Македонски пошти.
Според видеото, чадот излегува од раскопаниот тротоар и асфалт, а граѓаните на интернет коментираат дека можно е да испарува и киселина, бидејќи, како што велат, водата од вировите станала мрсна откако чадот започнал да излегува. Според други, пак, проблемот е на БЕГ, пукната цевка за парно.