
Аргентинецот во редовите на „Јувентус“, Пауло Дибала е пред трансфер во „Атлетико“ Мадрид за 150 милиони евра, пишуваат добро информирани шпански медиуми. Веста ја пласираше новинарот Хоакин Родригез, кој работи на радиото „Онда Серо“, кој е познат како медиум кој не се служи со шпекулации.
Како што наведува Родригез, се чека само позитивен одговор од „Јувентус“, а Дибала, наводно,ги договорил сите услови од петгодишниот договор со „Атлетико“. Дибала во тимот на сонародникот Диего Симеоне би имал годишна плата меѓу 9 и 10 милиони евра, што значи дека би можел да заработи дури 50 милиони без бонуси.
Ако „Јувентус“ го прифати она што го замисиле мадриѓаните и Аргентинецот, ќе добие 150 милиони евра.
Трансферот на Дибала во Mадрид со сигурност би значело дека Антоан Гризман дефинитифно ќе го напушти „Атлетико“, а неговата нова дестинација ќе биде или „Барселона“ или „Манчестер Јунајтед“. За францускиот голгетер „Атлетико“ ќе добие најмалку 100 милиони евра, колку што е откупната клаузула и така ќе исплати барем две третини од трансферот на Дибала.
Сумата би можела да биде помала ако во трансферот се вклучи црногорскиот репрезентативен штопер, Стефан Савиќ, кој би можел да замина во Торино како дел од пакетот.