
Мајка на шест деца која по последното породување 13 години трпела страшни болки во грбот, открила дека во кичмата и останало парче игла преку која добила епидурална анестезија, пишува Дејли Мејл.
Ејми Брајт (41) со царски рез го родила својот најмлад син Џејкоб во Флорида во 2005 година. Два месеци подоцна почнала да чуствува силна болка во грбот, но на тоа не му придавала значење бидејќи тоа по епидурална анестезија е релативно честа појава. Но болката не престанала повеќе од десет години.
Дури минатата година направила компјутерска томографија, а прегледот открил три сантиметри долг врв од игла забоден во кичмата. Иглата наводно пукнала при ставање на епидуралната анестезија и предизвикала оштетување на нервот поради што чуствуваа болки и имала проблем со левата нога.
Брајт и нејзиниот адвокат тврдат дека во болницата морале да бидат свесни од фактот дека парче игла останал во нејзиниот грб, но биле немарни и иглата не ја тргнале на време.
Но отстранување на иглата сега, по 13 години би можело да предизвика парализа. Од друга страна, ниту оставање на иглата во кичмата не е решение и би можело да предизвика нови здравствени проблеми.
Во барањето за обештета Брајт ја тужи болницата за милион долари. Она е дури 15 пациентка која ја тужела боницата во Џексонвил во Флорида.
За да ги ублажи болките, лекарите со години и препишуваат лекови, во прво време мислеле дека станува збор за ишијас, поради симптомите . Откако дознала за иглата Брајт била исплашена и љута.
– Веројатно ќе завршам во инвалидска количка, параноична сум и исплашена- вели Брајт.
Останатите 14 пациенти се договориле со болницата да не ја тужат за што добиле околу милион долари. Најголема отштета од 40 милиони долари болницата им исплаила на родителите на двеггодишно дете кое добило повреди на мозокот бидејчи лекарите предолго чекале да го направат царскиот рез.