Камера изгубена во море по две години вратена на сопственичката

Младата јапонска студентка Серина Цубакихара неодамна добила радосна вест која ја воодушевила бидејќи дознала дека го пронашле нејзиниот фотоапарат што го изгубила пред две години додека нуркала во морето кај јапонскиот остров Окинава.

Таа веќе заборавила на својот омилен„канон“ бидејќи ниту во сон не можела да се надева дека камерата пак ќе заврши во нејзини раце. Да биде радоста уште поголема, фотоапаратот работел како нов, бидејќи водоотпорното куќиште не дозволило внатре да влезе ниту капка вода.

Камерата „патувала“ 250 километри од Окинава до Тајван, каде ја нашле група деца.

„Канонот “ бил целиот прекриен со школки, но децата решиле да ја отворат футролата. Тие биле пријатно изненадени кога виделе дека камерата е како нова, а радоста била уште поголема кога го приклучиле на струја и виделе дека работи.

По расправијата дали да го задржат, децата, сепак, решиле да го пронајдат сопственикот.

Тие од фотографиите заклучиле  дека девојката на сликите е Јапонка, па на Фејсбук ставиле фотографии со коментар на кинески и јапонски јазик. Некој ја препознал Серина и и исспратил фотографии за кои мислела дека заскогаш се загубени. Затоа сега се подготвува за пат на Тајван за да им се заблагодари на момчињата.