Папата миеше нозете на затвореници во Рим

Папата Франциск  на Велики четврток служеше миса во римскиот затвор Реџина Коели, каде што им ги изми нозете на 12  затвореници. Меѓу нив двајца муслимани, еден православен и еден будист.

– Секој има можност да го промени својот живот и да не биде жртва на осуда – нагласи папата, кој во проповедта, која се емитува на Радио Ватикан истакна дека себеси се смета за „грешник“.

Според христијанската традиција, на Велики четврток се обновуваат сеќавањата на денот кога Исус им ги измил нозете на апостолите за време на последната вечера пред распнувањето.