Ердоган ги повика косовците да протестираат против Харадинај

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган му се закани на косовскиот премиер Рамуш Харадинај дека ќе биде одговорен за управувањето на состојбата со депортираните турски државјани, пренесува приштинскиот весник Експрес.

Ердоган го критикува Харадинај за разрешувањето на министерот за внатрешни работи и првиот човек на косовската тајна служба АКИ, повикувајќи ги граѓаните на Косово да протестираат против него.

„Нашите тајни служби ги донесоа тука шесте приврзаници на Ѓулен. Но многу се вознемирив кога разбрав дека се разрешени министерот за внатрешни работи и првиот човек на тајната служба. Еј,премиеру на Косово, кога почна да ги заштитуваш оние кои направија државен удар во Турција? Од кого доби наредба? Убеден сум дека народот на Косово, нашите браќа таму, ќе ти го дадат заслужениот одговор“, изјави Ердоган напаѓајќи ги САД кои, според него, го контролираат Харадинај.

Ердоган го поштеди од обвинувања претседателот на Косово, Хашим Тачи, кој ја подржа акцијата на АКИ. Исто така, Тачи за акцијата рече дека е преземена бидејќи ѓуленистите ја загорзувале нацоналната безбедност на Косово.

Шестмина турски државјани беа уапсени во четвртокот и по итна постапка протерани од Косово по одлука на министерството за внатрешни работи, кое ги поништило дозволите за нивен престој во Косово, откако АКИ во соработка со турската тајна служба заклучиле дека овие лица претставуваат национална опасност за земјата. Тисе до приватен авион биле веднаш транспортирани во Турција.

Медиумите наведуваат дека во Косово има уште најмалку 200 ѓуленисти.