Победа на Сити кај Евертон

Водечкиот тим во англиската Премиер лига, Манчестер Сити во саботата направи уште еден чекор кон титулата откако во рамките на 32-то коло го совлада на гостувањето Евертон со 3:1.

Стрелци за Манчестер Сити беа Лерој Сане во 4, Габриел Жезус во 12 и Рахим Стерлинг во 37 минута, а почесниот гол во 63 минута го постигна Јануик Боласи па така Евертон остана на 40 бодови кои му се доволни во моментов за деветтото место.

Манчестер Сити, пак, освои досега 84 бодови, и ја одржува речиси недостижната предност пред вториот Манчестер Јунајтед кој претходно во саботата го совлада Свонс и со 2:0 и дојде до 68 бодови, како и третиот Ливерпул кој има 66 бодови по гостинската победа од 2:1 кај Кристал Палас.