
Утрово во 10 часот во СВР Битола пријавено е дека на патот меѓу селата Лавци и планинарски дом Неолица, возрасен планинар го загубил животот.
Според полицискиот билтен станува збор 65-годишниот С.С. кој движејќи се по патот се лизнал и удрил во камен со главата, при што од страна на планинарите веднаш по незгодата му била укажана прва помош.
За настанот веднаш била запознаена и Дирекцијата за заштита и спасување, од каде била испратена екипа за помош но, по пристигнување на местото на несреќата, тие констатирале дека С.С. починал.