
Силниот ветер во Кавадарци откорна дел од покрив на зграда и искрши стакла од прозорци на објект.
Паднати се и неколку дрвја во централното градско подрачје. Нема повредени лица.
Од зградата на улицата Илинденска на старата автобуска станица висеше парче лим кое претставуваше опасност за пешаците. Парчето лим беше острането со помош на противпожарно возило и полицијата. Од зградата на „Водостопанство” имаше опасност од паѓање на стакла од неколку прозорци и дел од фасадата. Полицајци го обезбедува тротоарот поради безбедност за пешаците. Стаклата се искршија, а за среќа нема повредени, изјави градоначалникот Митко Јанчев, кој излезе на лице место за да ја согледа состојбата.
Тој информира дека како последица на ветерот паднати се и неколку дрвја низ градот и оти петнаесетина работници на комуналното претпријатие интензивно работат на нивно отстранување.
Во меѓувреме биле пријавени и неколку пожари на оџаци.