Битолчанецот што ја уби жена си, се обеси во затворот во Битола

Педесет и четиригодишниот битолчанец, кој на 13 март, минатата година си ја уби сопругата, рано утрово се обесил во затворот во Битола, објавува ТВ „Орбис“.

Во 2017 година, на тогаш 53 годишниот И.Д. му беше одредена мерка притвор од страна на Основен суд-Битола во траење од 30 дена поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело убиство.

Утрово, во Одделението за притвор во Затворот „Битола“, во околу 6 часот вработен во затворот го пронашол обесен И.Д. (54).

Смртта е констатирана од страна на лекар од Брза помош. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било однесено на обдукција.

Зошто, речиси една година по убиството на неговата сопруга тој се уште е во одделението за притвор, засега нема информации, објавува ТВ „Орбис“.