Германци шверцувале мигрант

Тројца Германци се осомничени дека шверцувале мигранти, информираше МВР.

Регионалниот центар за гранични работи Југ поднесе кривична пријава до Основно јавно обвинителстви за гонење на организиран криминал и корупција за сторено кривично дело криумчарење мигранти против О.С.(31), Л.Е.(34) и Н.С.(28) сите со германски патни исправи.

Според полицијата, осомничените на во саботата во 23.50 часот влегле во земјава на ГП„Богородица“ со автомобил „БМВ“ со германски национални ознаки. При извршена контрола во возилото на задното седиште е откриено едно лице кое било прекриено со палто.

Станува збор за мигрант,чие потекло не е познато и кој поседувал грчки документ.
Мигрантот по наредба на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје е предаден во Прифатен центар Скопје.