
Експертизата во кибернетичката безбедност е потребна во сите сфери од нашето живеење, а ризиците од сајбер-просторот стануваат реални ризици за животот и имотот на секој од нас, рече министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, на отворањето на работилницата Национална рамка и стратегија за сајбер-безбедност и функционирање на национален CERT/CSIRT.
„Довербата на граѓаните во функционирање на службите зависи и од безбедноста на нивните податоци и сајбер-безбедноста воопшто. Затоа, ние како држава мораме да правиме сè што е во наша надлежност за да им ја обезбедиме приватноста на граѓаните, од една страна, и безбедноста на податоците, а од друга да обезбедиме национална безбедност, односно да одржуваме рамнотежа меѓу нив. Мораме заедно да го штитиме информатичкиот простор како што ги штитиме нашата територија, воздухот, водата…“, истакна Манчевски.
Оцени дека експертизата од држава како Јужна Кореја, која е лидер во областа на сајбер-безбедноста, е од особено значење за Македонија. Манчевски притоа се осврена и на активностите на кои неговиот ресор во соработка со сите засегнати страни и релевантни институции работи во моментот.
„Формиравме работна група за подготовка на стратегија за сајбер-безбедност. Во наредните месеци очекуваме да имаме нацрт-документ кој ќе се однесува на сајбер-безбедноста на сите, и на граѓаните и на јавните инситуциии. Во рамките на посебната соработка договорена меѓу МИОА, Министерството за одбрана и Министерството за внатрешни работи, а со поддршка на Светската банка, беше направена процена на зрелоста на капацитетите за сајбер-безбедност во државата од страна на експерти од глобалниот центар за капацитети во областа на информатичката безбедност на Универзитетот Оксфорд“, додаде Манчевски.
Исткна дека на дигиталниот саем, кој ќе се одржи на 18-ти и 19-ти април, ќе биде презентиран извештајот од процената, кој ќе овозможи објективно разбирање за областите што треба да се подобрат и активностите што треба да се преземат во таа насока. Исто така, се работи на нова законска рамка, што ќе овозможи поголема безбедност на интернет-мрежите
Според министерот, кибернетичките нападит претставуваат заедничка закана за систе, од потрошувачите, државите, бизнисите, економиите, занаетите до граѓаните итн.
„Како што и порано за време на војна се склучувале сојузи за борба против непријателот, така и ние мора да се здружиме заедно“, заклучи Манчевски.
Работилницата „Национална рамка и стратегија за сајбер-безбедност и функционирање на национален CERT/CSIRT“ е во организација на МИОА, Корејската агенција за интернет и информатичка безбедност и Светската банка.