
ВМРО-ДПМНЕ побара оставка од директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски, бидејќи според нив, збирката која ја промовирала агенцијата изобилува со шовинистички песни.
– Каевски сам се фати во лага. Тој вели дека се објавени 44 творби во збирката и дека претседателот на Комисијата за издавање не знаел дека творбите треба да се селектираат. На поетското читање агенцијата објави дека творби испратиле 48 автори. Тој исто така тврди дека не знаел дека бил ставен за уредник на збирката – вели претставникот на ВМРО-ДПМНЕ, Андоновски, кој пак прашува, колку пари се потрошени за објавување на книгата, но и колку пари се исплатени на авторите.
За ВМРО-ДПМНЕ е скандалозно што сите се оградиле од Агенцијата за млади и спорт, а било страшно што и авторот кој бил потпишан кажал дека е злоупотребено неговото име.