
Официјално започна акцијата која ја најави ЈП „Водовод и канализација“, а се однесува на можноста заостанатите долгови за потрошената вода домаќинствата во главниот град да може да ги плаќаат на рати и без камата
Во периодот од 02.04.2018 до 15.05.2018 година корисниците на услугите кои имаат заостанат долг за вода, по основа на тужени сметки и редовени сметки, ќе имаат можност да го платат на рати и без пресметана камата за задоцнето плаќање.
Физичките лица и правни лица ќе може да го исплаќаат својот долг со склучување на договор до 24-месечни рати во зависност од висината на долгот.
„Ги повикуваме граѓаните на Град Скопје кои имаат заостанат долг, да ја искористат оваа можност за подмирување на долгот на рати и без камати“, се наведува во соопштението на јавното претпријатие.