
ФИФА нема да му дозволи на Златан Ибрахимовиќ да настапи на мундијалот во Русија, ако евентуално биде селектиран во репрезентацијата на Шведска, бидејќи има договор за рекламирање со обложувачката компанија„ Бетхард“, што е спротивно на праилникот на светската фудбалска федерација.
Ибрахимовиќ се прости од репрезентативниот дрес по Европското првенство во 2016 година, но деновиве се појавија шпекулации, кои самиот ги потврди, дека би можел да заигра во Русија. Швеѓанецот е во одлична форма, откако заигра за „ЛА Галакси“, по раскинувањето на договорот со „Манчестер јунајтед“.
– Цела кариера добивав понуди од компании за обложување, но досега не бев соочен со понуда која ме интересира. Но со „Бетхард“ е поинаку. Тоа е компанија со шведски корени и основачите се од мојот роден град- објаснил Ибрахимовиќ минатата недела кога бил претставен како амбасадор на „Бетхард“
Во дресот на Шведска Ибрахимовиќ настапи на 116 натпревари од 2001 до 2016 година, при што постигна 62 гола.