Грушко: Зад труењето на Скрипал можеби стои НАТО

Постои можност НАТО да стои зад случајот на труење на Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија, бидејќи аргументот на Алијансата за зголемување на трошоците за проширувањето бара голем непријател, изјави рускиот заменик-министер за надворешни работи, Александар Грушко.

Тој додаде дека не може да замисли како може да се организира состанок на Советот на НАТО-Русија во сегашните околности, истакнувајќи ја апсурдноста на соопштенијата на НАТО во кои изразуваат подготвеност за дијалог, а во исто време ги протераа руските дипломати.

– Седум лица се прогласени за непожелни, а во Брисел рекоа нема да им дадат визи на тројца други вработени. Со протерувањето на руските дипломати, НАТО ја отсекува гранката на која седи. Ова е спротивно на големиот број на изјави на генералниот секретар на НАТО и други претставници на Сојузот за заинтересираноста за политички дијалог и закажување на состанок на Советот. Како може состанок да се одржи во овие услови- рече Грушко.

Тој додаде дека НАТО ја преминала линијата, продолжувајќи со своето распоредување на руските граници.

– НАТО не може да обезбеди глобална безбедност без Русија – рече Грушко.