Колку „големи љубови“ во животот има секој хороскопски знак?

Само три знаци вистинската љубов ја доживуваат само еднаш. Дали сте меѓу нив?

Овен

Силно ќе сакате трипати во животот. Претставниците на знакот Овен се скептични кога е во прашање љубовта, па често се склони на враќање на бившите партнери.

Бик

Бикот е знак кој може да сака само еднаш. Кога Бикот сака, тој е подготвен на сè со таа личност. Без мислење ќе се реши да го помине животот во моногамија.

Близнаци

Близнаците имаат три големи љубови во животот. Имаат тенденција да бараат апсолутна среќа до крајот на животот, без оглед на нивната емотивна состојба. Најчесто, љубовта им се појавува трипати и секој пат веруваат дека тоа е вистинското.

Рак

Раковите може да паднат во мрежата на љубовта двапати во животот. Доколку се разочараат првиот пат, долго време ќе останат сами пред да ја побараат втората љубов. Но, потоа повторно даваат сè од себе.

Лав

Лавовите сакаат постојано. Посветени се на секоја нова романса. Лавовите се освојувачи кои немаат емотивни проблеми, дури и ако постои опасност да бидат изневерени или повредени.

Девица

Девиците можат да сакаат само двапати. Многу се сомничави и скептични на поле љубов. Тешко дозволуваат некој нов целосно да го окупира нивниот свет.

Вага

Вагата е иста како Лавот – може да го сака подеднакво секој нов партнер. Дури и да тагува додека брои ѕвезди, подготвена е да почне нов однос со неоштетено срце.

Скорпија

Скорпијата знае да сака само еднаш. Претставниците на овој знак може да имаат многу авантури, но само еднаш сакаат. За Скорпијата вистинската љубов не е само физичка, туку длабоко емотивна и таинствена од целиот свет околу неа.

Стрелец

Стрелците имаат 4 големи љубови во животот. Искусни се на поле љубов, па за да останат долгорочно со некој, мора да направат компромиси.

Јарец

Јарците може да сакаат двапати во животот, но со големи потешкотии, бидејќи не им е лесно да ги покажат емоциите. Исто така, заради нивната изразена индивидуалност, тие се решаваат на прекинување на врските.

Водолија

Водолиите имаат 3 големи љубови во животот, вклучувајќи ги и љубовниците со кои изневеруваат. Имаат тенденција да бараат совршен партнер кој ќе им биде пријател и љубовник.

Риби

Рибите вистински сакаат само еднаш и една личност. Кога ќе ја запознаат личноста која сметаат дека е вистинска, се препуштаат на нејзините желби и не ни помислуваат да бараат нешто на страна.