Претепан и ограбен малолетник

Малолетник бил претепан и ограбен, вчера во скопската населба Кисела Вода, информираше МВР.

Разбојништвото во полиција го пријавил Ј.Т. (47) од Скопје, татко на детето.
Според него, околу 11 часот на улицата 11 Октомври три непознати лица го нападнале неговиот 16-годишен син.

Разбојниците го пресретнале и му го побарале мобилниот телефон. Тој одбил да им го даде, по што арамиите физички го нападнале, а едниот од нив му се заканил со нож. Тие го зеле телефонот и побегнале во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.