Бенисио Дел Торо претседател на жирито на програма во Кан

Американско-шпанскиот актер Бенисио Дел Торо ќе претседава со жирито на „Извесен поглед“, втората по важноста официјална селекција на филскиот фестивал во Кан, објавија организаторите.

Дел Торо доаѓа на местото од Ума Турман на чело на жирито коешто минатата 2017 година ги награди Мохамад Рауслоф, Џејсмин Тринк, Маје Амалриј, Тејлор Шеридан и Мајкл Франк.

Педесет и едногодишниот Бенисио Дел Торо ја прими наградата за најдобар актер на Канскиот фестивал во 2008 година за улогата на Че Гевара во дводелнито филм „Че“ на Стивен Содерберг.

Актерот кој доби Оскар за најдобра споредна машка улога во „Трафик“ во 2001 година, имаше забележителни улоги и во филмовите „Приведете ги осомничените“, „21 грам“ и „Сикарио“.

Меѓународниот филмски фестивал во Кан годинава ќе се одржи од 8-ми до 19-ти мај. Програмаа „Извесен поглед“ оваа година ќе понуди „ваесетина единствени и оригинални дела“.

Дел Торо беше член на главното жири за доделување на главната награда Златна палма во 2010 година кога со комисијата претседаваше Тим Бартон која го награди „Вујко Нунми кој се сеќава на минитатите животи“.