
Јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ информира дека од утре до понеделник паркирањето на нивните паркиралишта ќе биде бесплатно за сите граѓани. Бесплатно паркирање за време на државните празници е неколкугодишна практика на ЈП „ПОЦ“.
Оттаму информираат дека паркиралиштата со редовна наплата ќе продолжат со работа во вторник, 10 април, со вообичаено работно време.