
Противпожарните единици го победија големиот пожар, што попладнево избувна во болница во Истанбул.
При пожарот нема загинати или повредени.
Вработените во болницата ги евакуираа пациентите веднаш по избувнувањето на пожарот, а беше спроведена е евакуација и на жителите на околните згради.
Причините за пожарот, кој избувнал на покривот на болницата и набрзо се приширил на неколку ката, не се познати.
Болницата се наоѓа во населбата Газиосманпаша во европскиот дел на Истанбул.