
Фудбалерите на „Ливерпул“ вчера го декласираа „Манчестер Сити“ со 3: 0 во четвртфиналето на Лигата на шампионите, додека „Барселона“ беше подобра од „Рома“ со 4: 1. Реванш мечевите се играат следниот вторник во Манчестер и во Рим.
Иако „Сити“ е лидер во Премиер лигата и е на чекор од титулата, тимот на Јирген Клоп е нерешлива енигма за Пеп Гвардиола. Публиката на „Енфилд“ беше во можност да ужива бидејќи чудесниот Мохамед Салах и неговите соиграчи приредија шоу за паметење и го приближија „Ливерпул“ до полуфиналето.
Според статистиката, Ливерпул во 179-от натпревар славеше 88-ти пат против ривалите од „синиот“ дел од Манчестер. Што се однесува до Клоп, тој по шести пат го надитри Гвардиола – повеќе од било кој друг тренер, а по трет пат се радуваше против Шпанецот на клупата на “црвените”.
Дека на „Сити“ ќе му преседне второто четвртфинале во ЛШ најави Египќанецот Салах, кој е незапирлив сезонава што го потврди и на овој меч за да неговата екипа потврдил дека е најефикасна во ЛШ со 28 погодоци сезонава до пред натпреварот. Рекордот го држи „Манчестер Јунајтед“ од 2003 година со 32 гола, така што на „Ливерпул“ му недостога уште еден гол за да го изедначи рекордот.
Мирниот почеток на „Енфилд“ беше прекинат во 12 минута, откако гостите погрешија на средината на теренот, па Ливерпул преку Салах тргна во контра, иако е спорно дали беше во офсајд на речиси самата линија на центарот, по што Фирмињо се сплетка, но погреши и Вокер, па Египѓанецот од непосредна близина го погоди голот на „Сити“. Само осум минути подоцна шоуто на домаќинот продолжи … По уште една гужва на половина на „граѓаните“ топката дојде до Алекс Оксли-Чемберлен кој од 30 метри биеше силно и прецизно во левиот агол.
Пулените на Клоп немаа намера да престанат, играа како во транс, па во 31 минутарезултатот беше 3: 0. Повторно играчите на „Сити“ киксираа на средината на теренот, ударот на Салах го изблокира Компани, но Египќанецот нафрли од деснатата страна и Мане со глава ја турна топката во мрежата.
Продолжението беше многу помалку возбудливо, без повеќе вистински можности, и само вреди да се спомене повредата на Салах, кој беше заменет во 52 минута. „Ливерпул“ се повлече, но „Манчестер“ не додје ни до можност да го ублажи поразот, па ќе има тешка мисија во реваншот.
„Барселона“ ја оправда улогата на фаворит на „Камп Ноу“, но така што „Рома“ речиси самата себе се победи. Бразилецот Алисон го одбрани она што можеше, ја имаше и стативата како сојузник, но беше матиран од соиграчите.
Барселона напаѓаше, а поведе по центаршут на Иниеста, а Де Роси во желба да ја отстрани опасност ја испрати топката во соптвената мрежа, што беше првиот од двата автогола на „Волчицата“.
Откако Пероти прокоцка шанса за изедначување, Барса го зголеми водството по нафрлувањето на Ракитиќ кон Умити, но Манолас при уклизувањето ја турна топката зад грбот на својот голман. Победникот беше решен на истекот од 60 минута откако Бразилецот одбрани шут на Суарес, а одбиената топка во мрежата ја уфрли Пике. Џеко во 81 минута намали на 3:1, но Суарез по голема грешка на Римјаните го постави конечниот резултат.