
Врховниот суд на Бразил денеска пресуди дека поранешниот бразилски претседател, Луис Иџалио Лула да Силва мора да почне да ја издржува 12 годишната затворска казна за поткуп, и на тој начин го одбил неговото барање да се брани од слобода додека не ги исцрпи сите жалби.
„Ројтерс“ објави дека ова е дополнителен удар за Силва, кој се обидува да ја зачува својата политичка кариера и покрај уште шест обвиненија за корупција.
Се очекува тој во затвор да се јави до крајот на оваа недела.
Според медиумите, случајот со Силва дополнително ја подели и фрли сенка врз претседателските избори што треба да се одржат во октомври оваа година.
Анкетите и истражувањата покажуваат дека Силва е фаворит на овие избори, но одлуката на судот значи дека ќе биде исфрлен од трката за претседател.