Протераните американски дипломати ја напуштија амбасадата во Москва

Три автобуси во раните утрински часови ги одвезоа протераните американски дипломати од американската амбасада во Москва, објавија руските медиуми.

Минатата недела Русија нареди 60 американски дипломати да ја напуштат земјата до денес, како одговор на протерувањето на руските дипломати од Соединетите Држави.